Утрински Весник
Политички Партии

ОМ со честитка по повод 24 Мај: Да пишуваме кирилица – да ја сочуваме традицијата!

ОМ со честитка по повод 24 Мај: Да пишуваме кирилица – да ја сочуваме традицијата!

 

Скопје, 24 мај 2020

Денес е денот кога се потсетуваме на делото на Св. Кирил и Методиј –
дело кое обединува многу народи во Европа и светот, со тоа што писмото
станува дел од нивната традиција и култура.

Нивната задача е пример за тоа како треба да се сака својот народ,
бидејќи пишаниот збор е тој што останува и остава траг на безброј
генерации по нив.

Да продолжиме да го чуваме тоа што е создадено во најтешките времиња
на нашиот народ.

Затоа традиционално, Обединети за Македонија на овој ден освен
честитка, како партија која го негува традиционализмот, повикува на
пишување на социјалните медиуми на кирилица, со цел да се зачувува
традицијата и почитта кон делото на Св. Кирил и Методиј и нивните
претходници и следбеници.

За многу години!

Обединети за Македонија, Центар за односи со јавност

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт