Утрински Весник
Политички Партии

ОМ: Одговорност за вандалите кои ја уништија спомен-плочата на Тома Давидов

ОМ: Одговорност за вандалите кои ја уништија спомен-плочата на Тома Давидов

Скопје, 31 март 2020

На 15.03 група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени, Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов.

За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали. Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам и непочитување на сопствената историја.

Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на нашата историја.

Затоа, упатуваме апел до Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред Законот.

Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за ослободување.

Обединети за Македонија

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт