Утрински Весник
Свет

Омикрон стана доминантен во САД, првиот случај откриен пред три недели

Омикрон стана доминантен во САД, првиот случај откриен пред три недели

Сојот омикрон сега е доминантен во САД и претставува повеќе од 73% од новите случаи на зараза со Ковид-19, соопшти во понеделникот американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Поминаа само дваесет дена откако САД го забележаа првиот случај наомикрон. Но, во неделата до 18 декември, омикрон сочинуваше 73,2% од случаите, а делта со 26,6%.

Експертот за заразни болести Ентони Фаучи во неделата за Си-Ен-Ен изјави дека омикронот наскоро ќе го „преземе“ теренот поради неговата многу заразна природа. Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека случаите на омикрон се удвојуваат на секои 1,5 до 3 дена.

Во понеделникот во Соединетите држави беше потврден првиот смртен случај по зараза со омикрон. Станува збор за маж на возраст од 50 години кој не бил вакциниран, имал здравствени проблеми и претходно бил заразен со Ковид.

Научниците сè уште не знаат точно колку е сериозна оваа варијанта во споредба со другите видови. Но, сметаат дека постои реална опасност од оптоварување на здравствениот систем.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица