Утрински Весник
Спорт

Омикрон сојот влезе и во Атлетико

Омикрон сојот влезе и во Атлетико

Омикрон сојот на вирусот Ковид-19 влезе и во Атлетико Мадрид. Шпанските медиуми пишуваат дека четоворица играчи се заразени со вирусот. Според овие извори, антигенските тестови на фудбалерите биле негативни, меѓутоа ПСР-тестовите покажале присуство на вирусот.

Позитивни биле Антоан Гризман, Коке, Ектор Ерера, Жоао Феликс и тренерот Диего Симеоне.

Проблем за Атлетико ќе претставува отсуството на капитенот Коке и Феликс. Гризаман секако е отсутен поради повреда на зглобот, додека Мексиканецот Ерера ретко игра оваа сезона.

Атлетико, наредниот меч го игра на 2,јануари, против Рајо Ваљекано, кој според медиумите исто така има големи проблеми со коронавирусот.

Во овој момент Барселона има најголеми проблеми, клубот пријави десет заразени, четворица заразени има во Реал Мадрид, еден повеќе во Леванте.

> Омикрон сојот влезе и во Атлетико <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина