Утрински Весник
Свет

Омикрон во Холандија регистриран и пред да пристигнат заразените патници од Јужна Африка

Омикрон во Холандија регистриран и пред да пристигнат заразените патници од Јужна Африка

Омикрон-варијантата на коронавирусот е откриена во Холандија пред пристигнувањето на летовите од Јужна Африка минатата недела, соопштија холандските здравствени власти.

Најмалку 14 лица позитивни на омикрон пристигнале од Јоханесбург и Кејп Таун на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам на 26 ноември, објави Националниот институт за здравје (RIVM).

„Но, омикрон-варијанта најдовме и во два тест-примерока од 19 и 23 ноември“, соопштија од RIVM. „Сè уште не е разјаснето дали овие лица ја посетиле Јужна Африка“, додаваат тие.

Откривањето на омикрон-сојот го загрижи светот и се стравува дека постојните вакцини не се ефикасни против новата варијанта, што може да ја продолжи пандемијата, која трае речиси две години.

Холандските власти во меѓувреме бараат да стапат во контакт и да тестираат околу 5.000 патници што пристигнале од Јужна Африка, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и од Зимбабве.

Во Холандија во неделата стапија во сила построги мерки против Ковид-19 за да се спречи ширењето, со оглед на рекордниот број инфекции од речиси 20.000 дневно и да се намали притисокот врз болниците.

Можете да прочитате

Шангајската организација за соработка ги собира најважните евроазиски лидери, здружувајќи ги силите против Западот

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад

Трамп: Малку е веројатна средба меѓу Путин и Зеленски, но троен самит е извесен