Утрински Весник
Магазин

Оливија Кулпо: „Сега кога заврши Божиќ, нема потреба од снег, подготвена сум за сонце!“

Оливија Кулпо: „Сега кога заврши Божиќ, нема потреба од снег, подготвена сум за сонце!“

Последен пат се огласи на социјалните мрежи на Божиќ, кога сподели фотографија во празнични пижами заедно со своите две сестри.

А, во понеделникот, атрактивната инфлуенсерка Оливија Кулпо повторно се појави на Инстаграм со троубек-фотографија во оскудни сини бикини.

Во најновата објава, 28-годишната убавица е потпрена на ограда на јахта пред идилична позадина на која се гледаат азурно сини води на океан и карпест остров.

Поранешната Мис САД и носителка на титулата Мис Универзум 2012 носи бела кошула, која виси раскопчана за да ја открие нејзината сензационална фигура.

Таа во описот напиша: „Сега кога заврши Божиќ, нема потреба од снег и јас сум подготвена за малку сонце !! Кој е со мене? “

Оливија го ја означи брендот Lovewave за костимот за капење, како и модната марка Revolve.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Крива Паланка ја слави Прочка со автентичниот обичај  „Сусурига 2026″

Дневен хороскоп за 18 февруари 2026

Кафето и чајот поврзани со помал ризик од деменција, покажуваат истражувањата