Утрински Весник
Магазин

Оливија Вајлд за врската со Хари Стајлс: посреќна сум од кога било

Оливија Вајлд за врската со Хари Стајлс: посреќна сум од кога било

Оливија Вајлд открива дека моменатлно се чувствува посреќна и поздрава од кога било.

37-годишната актерка е во врска со поп-ѕвездата Хари Стајлс (27), и таа признава дека е посреќна, и покрај „лажниот наратив“, како што рече, околу нивната романса.

Запрашана дали би сакала да се осврне на негодувањата околу нивната романса, холивудската ѕвезда одговори: „Очигледно е примамливо да се поправи лажна приказна. Но, мислам дека она што го сфаќаш е дека кога си навистина среќен, не е важно што мислат непознатите за тебе. Важно ти е што е реално, што сакаш и кого сакаш.“

Оливија и Хари  се запознаа минатата година на снимањето на филмот Don’t Worry Darling.

Таа е децидна дека нема да дозволи никакви негативни коментари да ја поткопаат нејзината среќа.

Оливија, која има две деца Отис (7) и Дејзи (5) со актерот Џејсон Судекис, изјави за списанието „Вог“: „Во изминатите десет години, како општество, многу повеќе го цениме мислењето на непознатите, а не на најблиските луѓе.“

„Посреќна сум од кога и да е,“ вели таа, додавајќи дека нејзината среќа е силно поврзана со нејзините деца.

„Родителството ве принудува да бидете искрени за тоа како го живеете својот живот. Тоа ги става во остар, јасен фокус одлуките што ги носите.“

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање