Утрински Весник
Свет

Олена Зеленска по критиките за позирање за Вог: Ова беше одлична можност

Dik 300x250 mk

Првата дама на Украина Олена Зеленска се огласи откако таа и нејзиниот сопруг Володимир Зеленски позираа за Вог, предизвикувајќи критики од многумина на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Ја користам секоја прилика да зборувам за Украина. Ова беше голема можност. Милиони го читаат Vogue и моја должност беше да разговарам директно со нив. Патем, не сум навикнатa на внимание. Сите се бориме и тоа е наша работа И јас морам да ја работам таа работа“, изјави Олена во интервју за Би-Би-Си.

Таа додаде дека Украинците се стремат да живеат нормално во делови од земјата кои се ослободени од руски војници.

„Дури и војниците им кажуваат на своите пријатели да одат на кафе, да гледаат филм, да уживаат во мирот што го имаат. Ние сме први овде што ви го даваме тој мир. Киев е мирен град, мора да продолжиме да работиме дури и под ракетни напади, нема живот без развој, мора да продолжиме“, додаде таа.

За потсетување, Олена Зеленска се најде на насловната страница на најновото издание на Вог, а таа и нејзиниот сопруг Володимир Зеленски позираа неколку фотографии во магазинот. Во интервјуто тие зборуваа за себе, за својот брак и за војната во Украина.

Секогаш сакав да бидам зад сцената, тоа ми одговараше. Тешко ми беше доаѓањето на светлата на сцената“, рече Зеленска.

Фотографиите предизвикаа многу коментари, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина