Утрински Весник
Свет

Олаф Шолц: Сите сме пред голем предизвик

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги отфрли критиките на Шпанија и Португалија во врска со одлуката на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас, со порака дека сите заедно се соочуваат со голем предизвик.

dobivaj vesti na viber

Шолц истакна дека ниту една земја не може да каже дека не е засегната од поскапувањето на енергетските производи и особено на гасот.

Германскиот канцелар истакна дека кој мисли дека нема потреба да се грижи за тоа дека потрошувачката на гас мора да се намали „не е од овој свет“ бидејќи тоа е глобален проблем, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух