Утрински Весник
Економија

ОКТА инсталираше фотоволтаична централа на меѓународното училиште НОВА

ОКТА инсталираше фотоволтаична централа на меѓународното училиште НОВА

ОКТА АД – Скопје и Меѓународното училиште НОВА преку меѓусебна соработка пуштија во употреба две фотоволтаични централи, поставени на покривот на двете згради на училиштето. Централитеќе произведуваат електрична енергија од обновливи извори, од којадел ќе се користиза потребите научилиштето, а остатокот ќе биде наменет за слободниот пазар.Ова е четврта фотоволтаичнацентрала поставена од ОКТА што едел од стратегијата на компанијата за учество на пазарот за производство и снабдување со електрична енергија преку примена на иновативни технологии и заштита на животната средина.

„Со поставувањето на новатафотоволтаична централа, ја продолжуваме трансформацијата на ОКТА во модерна енергетска компанија која континуирано ги зголемува своите капацитети за производство на енергија од обновливи извори.Преку ваквите проекти, исто такаим помагаме на нашите партнери да ја рационализираат потрошувачката на струја преку значителна заштеда во споредба со користењето енергија генерирана од согорување фосилни горива.Дополнително, за нас е особено важно да придонесеме кон развивање на свеста од потребата за поголема употреба на обновливите извори на енергија и намалување на влијанието на јаглеродот што има значителни ефективрз животната средина“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Двете фотоволтаични централисе со вкупна инсталирана моќност од 125kW и очекуван животен век од над 25 години. Поставени се вкупно440фотонапонски панели од светски реномираниот производител MulticrystallineTrinaSolar, два инвертораHUAWEI SUN2000-60 KTL-MO и еден инвертор HUAWEI SUN2000-33KTL-А. На годишно ниво, централите ќе произведуваатоколу 160 MWh зелена електрична енергија.

„Како училиште во кое главниот фокус е ставен на иновативноста и примената на технолошкиот развој, во согласност со еколошката одговорност, поставувањето на фотоволтаичната централа е целосно во корелација со сето она за кое се залагаме и што имго пренесуваме како вредност на нашите ученици. Соработката со ОКТА покажа дека е возможна успешна синергија помеѓу голема енергетска компанија и меѓународно училиште. Веруваме дека оваа инвестиција ќе има позитивен придонес во нашето оперативно работење, но уште поважно, ќе ја подигне свесноста кај целата наша ученичка популација за потребата од личен придонес кон одговорно однесување вонашето опкружување“, рече Иван Новаковски, директор на Меѓународното училиште НОВА.

ОКТА претходно инсталираше три фотоволтаични централи, од кои една за сопствени потреби, во кругот на компанијата, и по една на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и на Конфекција и трикотажа АД Единство во Струмица. Во претстојниот период енергетската компанија планира пуштање во употреба на уште еден ваков производствен капацитет.

 

(ПР текст)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст