Утрински Весник
Свет
Img 7972

Околу 1.000 луѓе заразени со коронавирус на фестивал во Холандија

Околу 1.000 луѓе заразени со коронавирус на фестивал во Холандија
300x250 opst2

Околу илјада луѓе се заразија со коронавирус на музички фестивал во Утрехт, Холандија, а локалните власти велат дека тој број може да порасне.

Дваесет илјади луѓе учествуваа на дводневниот фестивал на отворено на 3 и 4 јули. Најмалку 448 учесници се заразиле првиот ден, а 516 следниот ден, објави агенцијата АНП.

По објавувањето на веста во вторникот вечерта, организаторите тврдат дека се почитувале сите мерки.

Посетителите требаше да покажат потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19 на влезот.

На 26 јуни, Холандија ги укина скоро сите епидемиолошки мерки и дозволи поголеми собири, под услов учесниците да имаат сертификат за вакцинација или негативен тест.

По појавата на нови случаи, повторно беа воведени некои ограничувања. Во последните 24 часа откриени се 8.000 новозаразени лица.

Според здравствените власти, тинејџерите и младите се најодговорни за растот. Заразата најмногу се шири на фестивали, диско клубови и ресторани.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор