Утрински Весник
Свет

Окасио-Кортез и нејзините колешки од „одредот“ повторно во Конгресот

Окасио-Кортез и нејзините колешки од „одредот“ повторно во Конгресот

Александрија Окасио-Кортез од Њујорк и Илхан Омар од Минесота, двете членки на прогресивниот дел на демократите, ги вратија своите места во Конгресот, пренесува Гардијан. Други две познати конгресменки, Ајана Пресли од Масачусетс и Рашида Тлејб од Мичиген, исто така се враќаат во Конгресот. Овие четири политичарки, сите Афроамериканки, се прославија пред се поради нивните остри настапи против Доналд Трамп. И тие неформално се нарекуваат „одред“.

„ Нашето сестринство е издржливо“ напиша Омар на Твитер.

„ Служењето во Њујорк 14 и борбата за работничките семејства во Конгресот беше најголема чест, привилегија и одговорност во мојот живот. Благодарам на Бронкс и Квинс што ме избраа и ми доверија да ги застапувам повторно и покрај милионите потрошени против нас“, рече Окасио-Кортез, која ги критикуваше недоволните напори на демократите да освојат латино гласови.

„ Постои стратегија и насока, но не е направен потребен напор. Имаме уште работа“, додаде таа.

На гласачите им се обрати и Пресли.

„ Ние се организиравме. Се мобилизиравме. Ние ги легитимиравме нашите вредности. Горда сум што сум ваш конгресмен и работен партнер. Верувам во нашата сила. И ние само што започнавме “, напиша Пресли.

Тлејб, која заедно со Омар е една од првите две муслиманки во Конгресот, и` напиша честитка на Пресли.

„Одредот е голем“, напиша таа.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ

Австрија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за децата помлади од 14 години