Утрински Весник
Спорт

Озил ќе се откаже од најголемиот дел од својата плата под еден услов

Фенербахче и официјално се откажа од Озил

Лондон, 22 април 2020 (МИА) – Месут Озил е подготвен да се откаже од поголем дел од својата плата од неговите соиграчи на Арсенал, доколку му се гарантира начинот на кој ќе се користат парите.

Германецот е еден од тројцата фудбалери во „топџиите“ кои не се согласија со условите што ги предложи клубот. Во договорот со играчите се вели дека ќе треба да се откажат од 12,5% од платите, но сите ќе бидат вратени доколку успеат да се квалификуваат во групите во Лигата на шампионите.

Сепак, самиот Озил го наведе недостигот на комуникација меѓу играчите и клубот како причина за одбивањето. Според „ЕСПН“, напаѓачот од средниот ред сака поголема јасност за тоа како ќе се користат парите.

Германскиот репрезентативец е подготвен да прифати поголемо намалување на неговиот приход од наведените 12,5%, но само доколку детално се објасни како ќе се користат средствата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра