Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил во интервју за британски „The Athletic“ раскажа каков е неговиот статус на „Емирати“. Посебно се осврна на својот договор со кј добива 350.000 фунти неделна плата.
„Две години се обидуваат да ме уништат, да ме направат несреќен, се надеваат дек ќе ги свртат сите против мене и ќе направат лажна слика“ вели Озил.
Германскиот фудбалер со турски корени тврди дека се до истекот на неговиот четиригодишен договор ќе се бори за место во првата постава на „топчиите“, а клубот ќе го напушти кога тој ќе одлучи.
„Мојата позиција е јасна, тука сум до последниот ден од договорот и ќе давам се од себе. Ваквите ситуации не можат да ме скршат, само ме прават посилен. Јас одлучувам кога ќе го напуштам Арсенал, никој друг ја нема таа моќ. Не потпишав договор на 2 или 3 години, потпишав на 4 години и тоа ќе го испочитувам“ – вели Озил.
> Озил: Јас одлучувам кога ќе си одам од Арсенал! <