Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Озил побарал трансфер – Не бил среќен во Фенербахче

Озил побарал трансфер – Не бил среќен во Фенербахче
Img 7972

Месут Озил изразл желба да го напушти Фенербахче. Озил, во јануари од Арсенал се пресели во редовите на турскиот великан. Со Фенербахче, поранешниот германски репрезентативец потпиша три годишен договор.

Кариерата на Озил неколку години се движи по надолна линија. Поради тоа го напушти Арсенал, меѓутоа не му оди добро ниту во Фенрбахче.

Донесен како големо засилување во борбата за шампионската титула, не ги оправда очекувањата, а финишот на сезоната го пропушти поради повреда на коленото и коронавирусот.

„АС“, тврди дека Озил не бил среќе во Истанбул и побарал трансфер.

Светскиот првак со Германија од 2014 година, во јануари ќе замине од клубот, интерес за него веднаш покажале неколку клубови од САД и Катар.

Озил за Фенербахче има постигнато само еден гол на 15 одиграни натпревари.

Во кариерата Озил играл за Арсенал, Реал, Вердер и Шалке.

> Озил побарал трансфер – Не бил среќен во Фенербахче <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг