Утрински Весник
Македонија

Оздравени 69 пациенти, потврдени 29 нови случаи на Ковид 19, починати четири лица

Оздравени 69 пациенти, потврдени 29 нови случаи на Ковид 19, починати четири лица

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 69 оздравени пациенти од корона вирусот и тоа во Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10 и во Гевгелија -1.

Потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава изнесува 1.494. Од нив, оздравени се 807, а починати 81 лице. Во моментов, бројот на активни случаи  изнесува 606.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на Клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на Клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април, наведоа од Министерството.

Информираат дека направените 362 теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10.

Досега во земјата се направени вкупно 16.798 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се три нови, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти. Од нив четворица пациенти се на респираторна машина и уште тројца со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца. Во болницата во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а уште четворица се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на Ковид-19. см/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава