Утрински Весник
Свет

Од 14 хотели на Хвар отворени се само три во кои има 66 гости

Од 14 хотели на Хвар отворени се само три во кои има 66 гости
Dik 300x250 mk

Какво е влијанието на пандемијата врз туристичката сезона во Хрватска најдобро го илустрира ситуацијата на островот Хвар, еден од најпосетуваните на Јадранското Море.

Меѓу 20 и 30 проценти од сите угостителски објекти во моментов се отворени на Хвар, а од 14 хотели, работат само три.

„Бројките се катастрофални, никогаш во историјата на туризмот градот Хвар немаше вакви лоши резултати во овој период од годината. Сега во Хвар се одмораат 66 странски туристи, додека минатата година во ова време во Хвар имаше 4.588 гости. Ова се катастрофални бројки и кога ги добив во петок, не можев да им верувам на очите, иако знаев дека ситуацијата е катастрофална“, изјави за Слободна Далмација Тео Јеличиќ, потпретседател на градскиот совет на Хвар.

„Од овие 66 туристи кои дојдоа во Хвар и покрај сè, некои се Словенци, Австријци, Германци и Чеси“, вели Јеличиќ, кој посочува дека нема оптимизам за наредните два месеци затоа што резервациите се откажани.

Текстот Од 14 хотели на Хвар отворени се само три во кои има 66 гости е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени