Утрински Весник
Македонија

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено
Dik 300x250 mk

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до 23 и 30 часот, а да бидат дозволени настани и ивенти и во затворениот дел на објектите со исполнетост на 30 отсто од капацитетите.

Главниот координативен кризен штаб за утрешната седница на Владата препорача од 12 мај полицискиот час да почнува од 24 часот до 05 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Исто така, се редлага да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

Овие мерки ќе важат до 18 мај.

Можете да прочитате

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни