Утрински Весник
Македонија

Од јавните површини отстранети 76 непрописно паркирани возила

Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела (13.03 – 19.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 76 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 15 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 61 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта, соопштија денеска од Град Скопје, во истиот период санкционирале вкупно 132 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 15 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство