Утрински Весник
Спорт

Од Челси со писмо: Згрешивме што прифативме да играме во Суперлигата

Од Челси со писмо: Згрешивме што прифативме да играме во Суперлигата
Dik 300x250 mk

Не преставува потресот кој го направи идејата за формирање на фудбалска Суперлига.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека клубовите не можат така лесно да се откажат од ова натпреварување поради договорите. Но, се јави првиот човек на лондонски Челси, Роман Абрамович.

„Сините“ преку отворено писмо на навивачите им објаснуваат дека „длабоко жалат“ поради тоа што пристапиле кон Суперлигата.

„Нашата амбиција е да сме најдобриот клуб во светот, како на теренот, така и во заедницата. На тоа и ја базиравме одлуката за пристап во Суперлигата. Кога стана јасно дека новата лига ќе се оформи, не сакавме Челси да ја пропушти можноста да игра во таква истакната лига, ниту, пак, сакавме да ризикуваме нашиот клуб да заостанува во однос на англиските ривали. Откако се појави незадоволство кај навивачите, клубот `застана на топката` и го послуша гласот на фановите. Земајќи ги во предвид недоразбирањата и противењата, ја променивме првобитната одлука, па одлучивме дека нема да сме дел од таа лига. Сопственикот и Управата разбираат разбираат дека вплеткување во таков предлог беше одлука која не требаше да ја донесеме, поради што жалиме“ се вели меѓудругото во писмото.

> Од Челси со писмо: Згрешивме што прифативме да играме во Суперлигата <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето