Утрински Весник
Македонија

Од финансиското друштво во Скопје украдени над 300.000 денари со закана со пластичен пиштол

Началник на СВР Струмица испукал куршум додека го чистел пиштолот

Скопското Обвинителство спроведува истрага против две лица поради грабежот врз филијалата на финансиско друштво што се случи во петокот,

Според информациите на Обвинителството, едниот осомничен, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време, другиот осомничен, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на вработените им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари.

Двајцата осомничени потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Битиќи: За 30% поскапе и возачката дозвола, трошоците за живот го притискаат семејниот буџет на граѓаните