Утрински Весник
Свет

Од утре татковците во Хрватска имаат право на платено отсуство

Платеното татковско отсуство е новото право на татковците во Хрватска, кое од денеска стапува во сила. Платеното отсуство ќе трае од 10 до 15 дена, во зависност од тоа дали се работи за едно дете, близнаци или повеќе родени деца истовремено.

dobivaj vesti na viber

Отсуството не е задолжително, но ако таткото сака, работодавецот мора да го обезбеди. Во спротивно, тој се соочува со глоба од 10.000 до 50.000 куни.

Отсуството може да се користи додека детето не наполни шест месеци.

Право на тоа имаат оние што имаат девет месеци континуиран стаж или дванаесет месеци со прекини во текот на две години.

Не се знае до кој степен татковците ќе го искористат своето ново право.

На одмор ќе ја зема целата плата, но не на сметка на работодавецот, туку на државен трошок за што до крајот на годината се обезбедени приближно 91 милион куни.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан