Утрински Весник
Македонија

Од утре попладне нови врнежи, за викендот пообилни со грмежи

Од утре попладне нови врнежи, за викендот пообилни со грмежи

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Облачно време со врнежи од дожд и вретер од јужен правец не очекува од утре и за време на викендот. Меторолозите најавуваат пообилни врнежи во сабота над 20 л/м2, кога ќе има и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Оттаму најавуваат дека утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.

Минималната температура утре ќе се движи од минус пет до еден степен, во сабота од три до девет, во недела од три до седум и во понеделник од минус два до пет степени.

Максималната температура утре ќе се движи од шест до 17 степени,  во сабота од 11 до 17, во недела од девет до 17 и во понеделник од 10 до 18 степени.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот