Утрински Весник
Македонија

Од утре нова сезонска авиолинија Скопје-Измир

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре, втори јуни 2022 година, која ќе го поврзува македонскиот главен град со еден од турските туристички бисери на Егејското море, известуваат од ТАВ Македонија.

Две авиокомпании, Пегасус ерлајнс и Санекспрес, ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, односно од почетокот на јуни до крајот на октомври.

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци