Утрински Весник
Македонија

Од утре нестабилно и облачно со краткотраен дожд и грмежи

Облачно со дожд и ветер, температурата до 20 степени

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Времето во наредните денови ќе да биде нестабилно облачно со краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ветерот повремено ќе се засилува, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура во Скопје утре ќе биде 7, а максималната до 24 степени.

Во сабота минималната темпратура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 18 до 24 степени. Во недела пак, минималната ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 18 до 23 степени.бт/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава