Утрински Весник
Македонија

Од утре на сила новите рестриктивни мерки, рестораните ќе работат до 18 часот

Од утре на сила новите рестриктивни мерки, рестораните ќе работат до 18 часот
Dik 300x250 mk

Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.

Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.

Со мерките е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега. На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

„Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забрана за собири на отворено и ограничен број постетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат“, информираат од Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче апелираше да нема домашни собири за празниците.

„Да празнуваме одговорно заради сите нас“ порача Филипче.

Претдходно денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека издавањето викендички на луѓе кои не се од исто семејство е кривично дело. Тој кажа дека веќе има оперативна акција од полицијата и се проверува издавањето на викенд-куќи. Според него, за време на новогодишните празници полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг