Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Од утре до петок во населеното место Драчево и дел од Долно Лисиче можни се кратки прекини на водоснабдувањето.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека прекините се поради тоа што ќе се врши етапно чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот Драчево.
Прекините ќе бидат во периодот од 8 часот до завршување на активностите. бак/са/