Утрински Весник
Македонија

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Велес – Градско

Нормализиран сообраќајот на патот Катланово-Велес

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Поради санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско, транзитен дел низ Велес, од утре ќе има времено изменет режим на сообраќај.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), овој режим на сообраќај ќе биде воспоставен се додека траат градежните работи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вчера шест обиди за измами со лажен лекар или полициски службеник на подрачјето на СВР Велес

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата

Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет