Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Од утре за неколку степени пониски температури

Од утре за неколку степени пониски температури
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, информираат од УХМР.

Од таму додаваатдекас ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 Целзиусов степен.

На целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Уште денеска времето ќе биде сончево, многу топло и долж Повардарието температурите ќе достигнуваат 40 степени.

Од петок температурата ќе биде пониска за неколку степени, а облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за изолирана појава на локален дожд и ретки грмежи.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ