Утрински Весник
Македонија

Од утре забрана за движење во шуми во периодот од 06 до 20 часот

Регионална работилница за размена на информации во нелегално управување со шуми
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Од утре се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор.

Забраната ќе важи од 06 до 20 часот, а ваквата одлука е донесена по барање на јавното претпријатие „Национални шуми“.

Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Се забранува и палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор. За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје