Утрински Весник
Македонија

Од утре до недела собирање кабаст отпад во Аеродром

Од утре до недела собирање кабаст отпад во Аеродром
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации – на бул. „Февруарски поход“ во близина на супермаркетот „Рамстор“2, во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 и кај стара Стела во Аеродром.

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут.

„Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период“, велат од Општината.

Фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата