Утрински Весник
Македонија

Од утре, две недели нема да важи бесплатното возење во автобусите за учениците и пензионерите

Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат од утре, па во наредните две недели.

Како што соопшти ЈСП Скопје, времено нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

– Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки, се истакнува во соопштението. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ