Утрински Весник
Свет

Од утре во Франција бесплатна контрацепција за жени од 18 до 25 години

Од утре во Франција бесплатна контрацепција за жени од 18 до 25 години

Од сабота бесплатна контрацепција во Франција ќе може да добијат млади жени на возраст од 18 до 25 години, кои од финансиски причини сѐ помалку користат контрацепција, а се проценува дека ги има речиси три милиони.

Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, ја објави мерката уште во септември истакнувајќи дека сѐ повеќе млади жени се откажуваат од контрацепција од финансиски причини.

Луиз Делавие, портпаролка на француското феминистичко здружение En avant tous, рече: „Младите жени на возраст меѓу 18 и 25 се многу ранливи бидејќи губат многу права во споредба со времето кога биле малолетни и се во прилично лоша економска ситуација“, изјави таа за АФП.

Според Министерството за здравство, младите жени ќе добијат една бесплатна консултација со лекар или акушерка, лекарски преглед и средства за заштита од бременост, без разлика дали се работи за контрацептивни таблети, спирала, дијафрагми или итна хормонална контрацепција.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија