Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Под влијание на влажен и студен воздушен бран в среда ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. На некои места врнежите ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен.
Како што соопшти УХМР, поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на
планините врнежи од снег.
Минималните температури в четврток и во петок на повеќе места ќе бидат под нулата. мд/дма/