Утрински Весник
Македонија

Од понеделник почнува вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, најави Филипче

Од понеделник почнува вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, најави Филипче

Од понеделник ќе се дозволи вакцинирање за деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“ којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца и за оваа возраст, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потсети дека започнувајќи од понеделник (12.07) вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување на термини.

„Започнува и теренската вакцинација којашто ќе се врши преку Здравствените домови, а во изјавата Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата. Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат исклучиво со вакцината на „Фајзер“ чие упатство од производителот го дозволува тоа.

Вакцинирањето на што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата.

Спуштањето на возрасната рамка за лицата кои се вакцинираат, како што појасни Филипче, ќе ја намали веројатноста за ширење на вирусот од страна на младите. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход, велат од министерството за здравство.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата