Утрински Весник
Македонија

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе следи од 18 мај, одлучи во вторникот владата.

Според одлуката, работното време на угостителските објекти се продолжува до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.

Инаку од вчера започнаа со работа и вежбалниците, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа.

Владата во вторникот донесе одлука да се дозволи и организирање на инвент настани, со пропишаните протоколи, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.

Спортските настани и понатаму ќе се организираат без публика.

Како дел од олабавувањето на мерките е и укинувањето на забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и зголемувањето на бројот на деца во градинките.

Поради намалениот број на пациенти од Ковид-19 од вчера како што информираше и министерството за здравство се затворени ковид центрите во неколку клиники во Скопје и дел од капацитетите за ковид пациенти во болниците во другите градови.

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!