Утрински Весник
Свет

Од полноќ на сила ново затворање на Австрија

Од полноќ на сила ново затворање на Австрија

Во Австрија е во сила ново затворање од полноќ, со ограничување на движењето што важи во текот на целиот ден, се со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Новите построги мерки ќе важат до 6 декември на полноќ, а се планира драстично да ги намалат контактите на граѓаните.

Покрај претходно донесената одлука за затворање на ресторани и хотели, од денес се затворени забавни објекти, како и аматерски спортови, музеи, библиотеки, но и продавници, освен оние со прехранбени производи, аптеки, банки, пошти, бензински пумпи.

Ограничувањето на движењето е продолжено на целиот ден, така што граѓаните можат да излезат само ако треба да ги купат основните потрепштини, да помогнат на некој друг, да одат на работа или да се шетаат од ментални и физички причини, односно поради шетање на домашно милениче.

Австриската влада побара од работодавците да ја испратат својата работна сила да работи од дома, каде што е можно.

Што се однесува до контактите, на едно домаќинство му е дозволено да контактира само со едно лице кое не е член на домаќинството до истекот на мерките.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер најави дека полицијата ќе ја контролира зголемената усогласеност со мерките, а казните се изнесуваат до 1.450 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница