Утрински Весник
Економија

Од полноќ дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува непроменета

Од полноќ дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува непроменета

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 % во однос на одлуката од 31.03.2022 година.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Од 2.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,957% или за 10,250 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,962% или за 34,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,851 % или за 31,150 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,510% или за 10,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9286 ден/$ и е за околу 0,254 % понизок од курсот на доларот (56,0709 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%