Утрински Весник
Економија

Од полноќ бензините поевтинуваат, а дизелот поскапува

Од полноќ поевтинување на горивата

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Така од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се точи за цена од 59 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе биде 61 денар за литар.

Повисоки ќе бидат цените на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство кои ќе се продаваат по 50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 денари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст