Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Руските сили ги нападнаа Луцк и Днипро, Украина: Има загинати, погодена е станбена зграда

(Од минута во минута) Руските сили ги нападнаа Луцк и Днипро, Украина: Има загинати, погодена е станбена зграда

Нов ден од руската инвазија на Украина

Клучни настани:

Русите ги ракетираат Луцк и Днипро. Украина: Има загинати, погодената е станбена зграда

Сателитските снимки покажуваат промена на тактиката на руските сили пред Киев, сега поделен во два правци

Британците велат дека руските сили за 24 часа се доближиле 5 километри до Киев

Украина соопшти дека Русија го бомбардирала институтот каде што се наоѓа експерименталниот нуклеарен реактор во Харков

За два дена, 80.000 луѓе од регионите Киев и Суми беа евакуирани во хуманитарни коридори

Црвениот крст предупредува дека залихите на вода и храна во опколениот Мариупол се при крај

Русија објави дека го напушта Советот на Европа

Од минута во минута

08:10 Во Днипро погодена станбена зграда

Украинската служба за итни случаи извести дека добиле информации за едно загинато лице во нападот, а зафатени биле и градинка и станбена зграда, пренесува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран