Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Продолжува гранатирањето на Мариупол, НАТО,САД и ЕУ со нови санкции за Русија

(Од минута во минута) Продолжува гранатирањето на Мариупол, НАТО,САД и ЕУ со нови санкции за Русија

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 42. ден

Клучни настани

Вашингтон најави уште 100 милиони долари помош за Украина

Русија продолжува да го гранатира Мариупол

Состанок на министрите на земјите од НАТО, САД и ЕУ – подготвуваат нови санкции

Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – возачот изгоре зад воланот

Од минута во минута:

09.10 Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – возачот изгоре зад воланот

Возило утрово удрило во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт

09.00 Зеленски: ОН не се способни да ги извршуваат функциите за кои се создадени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одржа своето веќе традиционално ноќно обраќање до нацијата. Тој рече дека Обединетите нации „во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени“.

08.50 Џонсон: Рускиот народ заслужува да ја знае вистината за Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска апелираше до Русите, повикувајќи ги „да се информираат од независни извори“ за, како што рече, „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“ и рече дека „нема да поддржат војна ако ја знаат вистината“.

08.40 Украинска армија: 400 луѓе исчезнаа од Хостомел

Околу 400 жители на киевското предградие Хостомел исчезнаа за време на 35-те дена од руската окупација, изјави шефот на локалната украинска воена управа.

08.30 Русија продолжува да го гранатира Мариупол

Руските воздушни напади и интензивните борби продолжуваат во опколениот украински град Мариупол, соопшти во средата британското воено разузнавање

08.20 Состанок на министрите на земјите од НАТО, САД и ЕУ – подготвуваат нови санкции

Во Брисел денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. На состанокот ќе се разговара за тоа како најдобро да и се помогне на Украина.

08.10 Украинците објавија видео: Овој човек е одговорен за масакрот на цивилите во Буча

Почна „ловот на месарот од Буча“, ветеран за кој постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев, јавуваат украинските разузнавачки служби.

08.00 Вашингтон најави уште 100 милиони долари помош за Украина
САД најавија дека ќе испратат дополнителна помош за Украина во износ од 100 милиони долари, за таа земја да се спротивстави на руската инвазија

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ