Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Денеска продолжуваат преговорите, гори руско складиште за нафта

(Од минута во минута) Денеска продолжуваат преговорите, гори руско складиште за нафта

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 37. ден

Клучни настани

Денеска продолжуваат преговорите

Ултиматумот на Путин за рускиот гас стапува на сила

Русите тврдат дека Украинците го нападнале нивното складиште за нафта

Украинците ослободија две села во близина на Чернихив

Од минута во минута

08.55 Украинците ослободија две села во близина на Чернихив
Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот извештај за настаните во Украина, во кој се наведува дека украинската војска ги ослободила селата Лукашивка и Слобода, недалеку од Чернихив.

08.45 ЕУ ќе ја охрабри Кина да не и помага на Русија во инвазијата

Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој одби да го осуди рускиот напад врз Украина, утре ќе одржи тричасовен виртуелен самит со официјални претставници, на кој ќе присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен. На почетокот на февруари, Кина и Русија објавија долга заедничка декларација во која се вели дека нивниот однос е „без граници“.

08.40 Русите тврдат дека Украинците го нападнале нивното складиште за нафта, а се појави и видео од пожарот

Нападнато складиште за нафта во рускиот град Белгород, а регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков за тоа ја обвини Украина, велејќи дека големиот пожар бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери

08.35 Кличко: Бројот на луѓе во градот драстично се намали, половина од жените и децата го напуштија Киев

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко во интервју за „Скај њуз“ изјави дека бројот на луѓе во главниот град на Украина е драстично намален од почетокот на инвазијата

08.30 Денеска продолжуваат преговорите – Русија отфрли важен украински предлог

Мировните преговори меѓу Русија и Украина треба да продолжат денеска. Предвидено е тие да се одржат онлајн

08.20 Ултиматумот на Путин за рускиот гас стапува на сила

Ултиматумот за гас на рускиот претседател Владимир Путин денеска стапи на сила. Според овој ултиматум, сите клиенти ќе треба да го платат рускиот гас во рубли, од посебни сметки во банка посредник. Во спротивно нивното снабдување со гас ќе биде прекинато

08.10 Бела куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија

Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази дека руската инвазија на Украина е „стратешка катастрофа“ за Русија.

08.00 Зеленски на двајцата генерали им ги одзеде чиновите нарекувајќи ги антихерои

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајца генерали поради прекршување на воената заклетва за верност кон украинскиот народ, истакнувајќи дека нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина.

Можете да прочитате

Од вкупно 22 пожари на отворен простор низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен

Илјадници демонстранти во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош се дистрибуирани минатата недела во Газа, според Израелска агенција за координирање помош