Денес е 26-от ден од руската инвазија на Украина
Клучни настани
Украина рече „НЕ“ – Помина рокот за предавање на Мариупол
Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина
Кина нема да испрати воена помош за Русика
Зеленски сака преговори со Русија: Ерусалим е вистинското место за наоѓање мир
Од минута во минута:
08.50 Жителите на окупираниот Херсон ги принудија руските камиони да се повлечат
Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската војска, им го попречија патот на руските воени камиони со ознака „З“ на улиците на градот и ги принудија да се свртат
08.45 Децата го носат товарот на војната на Путин – се повеќе ранети деца од Мариупол ја полнат болницата во Запорожје
Иако голем број градови во Украина беа погодени од војната, ситуацијата во пристанишниот град Мариупол може да се смета за најтешка ако се земе предвид фактот дека руската армија со недели целосно го блокира ова место
08.40 Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина
Претставниците на Украина и Русија треба да се сретнат утрово во нова рунда преговори, неколку часа откако Киев го отфрли ултиматумот на Москва да го предаде опколениот Мариупол
08.35 Кина нема да испрати воена помош за Русија: Повикуваме на итен прекин на огнот
Кинескиот амбасадор во САД, рече дека неговата земја нема намера да обезбеди каква било воена или финансиска поддршка за Русија за време на војната во Украина
08.30 Шефот на регионалната администрација: Русија го напаѓа полигонот во Ривне
Русија истрела две ракети на воен полигон во Ривне, во западна Украина, изјави шефот на регионалната администрација Виталиј Ковал, пишува Би-Би-Си
08.25 Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 21 март 2022 година.
08.20 На украинските војници и кучињата им помагаат да ја одбранат земјата
Некста објави фотографии од украинските војници и нивните крзнени пријатели за кои се вели дека и помагаат на украинската гранична полиција да ја одбрани земјата.
08.10 Зеленски сака преговори со Русија: Ерусалим е вистинското место за наоѓање мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање рече, меѓу другото, дека Израел прави напори да посредува меѓу Украина и Русија и дека во таа земја може да се одржат идни мировни преговори на високо ниво
08.00 Украина рече „НЕ“ – Помина рокот за предавање на Мариупол
Украина денеска ги отфрли руските повици да го предаде пристанишниот град Мариупол, каде жителите се опколени и оставени со малку храна, вода и струја во хуманитарна криза што го зголемува притисокот врз европските лидери да ги заострат санкциите кон Москва