Утрински Весник
Македонија

Од март до мај оперирани 1.800 пациенти во три хирушки установи

Од корона заболени вкупно 122 здравствени работници, седум се оздравени и вратени на работа

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Вкупно 1.800 пациенти се оперирани од 1 март до 1 мај во три јавни здравствени установи во Скопје и тоа 1.190 во Хирушките клиники, 310 во ГОБ „8 Септември“ и 300 во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која посочи дека во тие три хирушки установи се извршени над 1.000 итни и неодложни операции.

Тој потсети и на одлуката на Владата за парична награда за сите здравствени и нездравствени работници кои беа и се уште се вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот.

– Сите тие групи, доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници, болничари, транспортери, возачите во Службата за Итна медицинска помош ќе добијат награда од 20 проценти од основната плата за два месеца во сите јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови кои го организираа транспортот инт. Никој нема да биде изоставен, Сите се земени предвид. Начинот на исплата ќе биде со платежната картичка за што повеќе информации може да даде Министерството за финансии, додаде Филипче. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната

Во прекин е сообраќајот на патот Крива Паланка – Куманово

Спасовски: Законот за бранители решава отворено прашање, постапката да продолжи