Утрински Весник
Спорт

Од Мадрид во Ереван: Солари веројатно ја презема селекцијата на Ерменија

Од Мадрид во Ереван: Солари веројатно ја презема селекцијата на Ерменија

Ереван, 12 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари би можел да стане селектор на фудбалската репрезентација на Ерменија.

Ерменските медиуми пишуваат дека Аргентинецот засега е најсериозен кандидат за наследник на Абрахам Кашманјан кој веќе е во преговори со тамошната Федерација за раскин на договорот.

Солари ја презеде соблекувалната на „кралевите“ во октомври во 2018 година на местото на Хулен Лопетеги. На „Сантијаго Бернабеу“ се задржа до март во 2019 година и враќањето на Зинедин Зидан. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал