Утрински Весник
Македонија

Од коронавирус почина 15-годишно девојче

Од коронавирус почина 15-годишно девојче
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15-годишна пациентка од село Селце тетовско.

Според информациите од Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, од Министерството велат дека пациентката имала обезитас односно прекумерна телесна тежина.

Според кажувањата на таткото на девојчето, и нејзината мајка починала од коронавирус.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче