Утрински Весник
Свет

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според универзитетот Џон Хопкинс, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во Америка се речиси четвртина од заразените во светот, со 3,2 милиони случаи и повеќе од 134 илјади починати.

Флорида во неделата објави дека за 24 часа се регистрирани рекордни 15.000 нови случаи.Ројтерс известува дека Флорида, како држава, ќе биде четврта во светот по бројот на заразени, по САД, Бразил и Индија. Мексико и Русија пријавиле по 6.000 нови случаи.

Повеќе од 60 маринци се заразиле во американската база во Окинава.Токио пријави 206 нови случаи во градот, а тоа е четврти ден по ред како има днад 200 нови случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони