Утрински Весник
Македонија

Од коронавирус во болниците во Македонија се лекуваат 1.545 пациенти

Од коронавирус во болниците во Македонија се лекуваат 1.545 пациенти

Во болниците во државата од коронавирус се лекуваат 1.545 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од таму додаваат дека капацитетите не се исполнети и дека има слободни кревети.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.545 и има околу 238 празни болнички кревети во ковид центрите“, соопшти МЗ.

Само во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 657 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Од МЗ додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од МЗ.

Можете да прочитате

Владата нема да ги толерира триковите на трговците ако ги зголемат цените без основа

Левица: Откривме рекетарска шема во Пробиштип, се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

Будно се следи состојбата меѓу Израел и Иран – Владата активира и кризен штаб во МНР