Утрински Весник
Свет

Од Калининград пристигна руска закана за Литванија

Русија се закани со последици кои ќе имаат сериозно негативно влијание врз населението на Литванија поради забраната на оваа земја за транспорт на стоки, кои се под санкции на ЕУ, кон руската ексклава Калининград.

Домаќинот на средбата во Калининград, Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација и близок соработник на Путин, рече:

„Русија сигурно ќе одговори на ваквите непријателски дејствија. Се развиваат соодветни мерки во меѓуминистерски формат и ќе бидат преземени во блиска иднина. Нивните последици ќе имаат сериозно негативно влијание врз литванското население“.

Руската новинска агенција РИА го цитира Патрушев дека блокадата на Литванија, по предлог на западните земји, со кршење на нормите и принципите на меѓународното право, покажува дека не може да им се верува само на усните изјави на Западот, туку и на писмените.

Во исто време кога Патрушев е во Калининград, во Министерството за надворешни работи во Москва беше поканет и амбасадорот на Европската Унија во Русија.

Претходно, закани до Литванија упати и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Можете да прочитате

Иран го објави главниот услов за завршување на војната

ВИДЕО: Жесток напад на Иран врз Емиратите, огромен пожар во клучно нафтено складиште

Русија: Уништивме 250 украински дронови што се движеа кон Москва во текот на викендот