Утрински Весник
Свет

Од затвор во Кенија избегал сериски убиец – убивал момчиња и им ја пиел крвта

Од затвор во Кенија избегал сериски убиец – убивал момчиња и им ја пиел крвта
Dik 300x250 mk

Сериски убиец кој признал убиство на најмалку 14 деца во Кенија, избегал од затворската ќелија во Најроби.

Мастен Вањала вчера требало да се појави на суд под обвинение за убиство на најмалку 14 момчиња, но полицијата за време на прозивката забележала дека тој повеќе не е во ќелијата, пишува Би -Би -Си.

Вработените во затворот кои биле на должност во моментот на неговото бегство се уапсени.

Вањала беше приведен за време на полициската истрага за серија убиства на деца што ја шокираше нацијата.

Властите сега започнаа потрага по серискиот убиец што го опишаа како исклучително опасен.

Вањала беше уапсен во јули и призна дека дрогирал и убивал момчиња и во некои случаи ја пиел нивната крв.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп